'Промоција на парфемот Acqua di Parma Chinotto di Liguria, ново издание од линијата Blu Мediterraneo.
Мирис кој носи ведрина, кој потсетува дека радоста е дел од животот - тоа е мирисот на Acqua di Parma Chinotto di Liguria, ново издание од линијата создадена со многу љубов – Blu Мediterraneo.
Мирисните ноти на парфемот имаа прилика да ги почувствуваат гостите на официјалната промоција што се одржа вчера, во парфимеријата Anabella Мериот во Скопје.
Настанот започна со презентација на брендот од страна на Ана Цветановиќ, бренд менаџер за Acqua di Parma од компанијата DP Lux.
Аcqua di Parma го одбра за овој уникатен мирис кој совршено го претставува софистицираниот животен стил и природна убавина на регионот. Суштината на сето ова сега се наоѓа во парфемот Chinotto di Liguria.
Ова овошје е единствено и незаборавно како и регионот од кој потекнува – Лигурија. Станува збор прекрасна област која се наоѓа во Северна Италија, сместена на познатата италијанска ривиера – шармантна комбинација на плажа со бел песок, робусни планини и ридови.
Кампањата за Chinotto di Liguria, чие име е „Just Breathe“ направена е живописно за да ги инспирира гледачите само да издишат и да уживаат во глетката.
Acqua di Parma Chinotto di Liguria имате можност да го најдете ексклузивно во парфимеријата Anabella Мериот.'
http://instagram.com/anabella.macedonia
https://www.instagram.com/acquadiparma_official/
Мојот впечаток за целиот настан и парфем е апсолутно позитивен. Организација одлична, атмосферата исто така, успеав да се расположам и покрај високата температура и ниту еден саат сон, а на тоа имаше влијание и самиот парфем, кој е толку свеж, што веднаш телепортира во некои подобри, потопли места, асоцира на лето и свеж ветер. Целиот концепт и сината боја ме вратија во деновите кога работев на брод и бев опкружена со синило и вода и затоа плус има позитивни поени од мене. 10/10!

Until Soon.
0 comments:
Post a Comment
Thanks for visiting my blog!