Wednesday, January 22, 2014

Maybelline - кратка рецензија

Првиот пост на македонски јазик. :)

Водејќи се според официјалната страна на Maybelline како и моето кратко истражување околу овие производи, дојдов до заклучок дека нивното производство е најверојатно прекинато, но во парфимериите во Македонија сеуште можат да се најдат. Не ја знам причината за ова, но верувам дека станува збор за доцен увоз или се преостанати во магацини во голема количина, или се произведуваат само за нашиот пазар и пошироко во Европа. Доколку имате поконкретна информација околу ова, слободно дадете ми до знаење.
Така, решив овој пост на македонски бидејќи моето мислење на англиски во случајов не би било од помош на никој надвор од државава.


Производите се следните:

  • Maybelline Lipstick Colorsensational #109 - Rosy Dream, 
  • Maybelline Lipstick Colorsensational #278 - Rose Diamonds, 
  • Maybelline EyeStudio Duo #540 - Green Gold, 
  • Maybelline EyeStudio Duo #720 - Brownie Gold






Ќе бидам кратка, бидејќи на сликите реално се претставени боите на кармините, но да кажам збор-два.
Доколку сте во потрага по симпатични розеви нијанси на кармин, со суптилна доза на светки тогаш верувам дека овие два кармини би ви се допаднале. 
Хидратантни и трајни, нежен мирис и ненападна боја соодветна за преку ден.

Кога станува збор за сенките, златно-бела сенка од двете палети е идентична. На прв поглед изгледа како бела светкава сенка, но всушност е преубава шампањ нијанса со златни светки, кои исто така не се воопшто нападни.
Зелената боја е доста темна, одлична за освежување на вечерна шминка, како и кафената која поради златните светки кои ги содржи, нанесена на очи изгледа несекојдневно, бидејќи има бронзено-бакарен ефект.

Јас никогаш не сум била фан на светкава шминка, но овие производи тотално ме освоија.
Доколку се двоумите поради истава причина, ве советувам да им дадете шанса, ќе бидете пријатно изненадени. 

Се надевам дека ви се допадна ваквиот пост, иако краток, сепак доволен за прв пат. :)



Read More

Friday, January 10, 2014

22nd Birthday!

I think this was one of the best birthdays i have had, so far. :) 
First of all, this morning i went for a little shopping to cheer myself a bit, because the weather was killing my good mood. And few hours ago, my boyfriend and friends came over, so we had a mini-celebration, we drank, ate, played Risk ( i love board games! )
Anyway... To mark the day on my blog as well, here are a few pictures of what i wore, my silly cake, the presents...









:)

Donna October Graves



Read More
All rights reserved. All images are copyrighted © Dona Nedelkovska . Powered by Blogger.

Translate

© Donna October, AllRightsReserved.

Designed by ScreenWritersArena